Орбан ја спушти рампата за Украина и Брисел: „Парите не растат на дрвја“

85

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера ја критикуваше Украина за барањето ЕУ да ѝ стави на располагање 800 милијарди евра во следните десет години.

– За жал, парите не растат на дрвја, особено не 800 милијарди долари. Тоа е сумата што Украинците ја бараат од Европејците во следните десет години. За Унгарија, тоа би значело финансиски товар од над 9 милијарди долари. Од каде, според официјалните лица во Брисел, треба да доаѓаат сите тие пари – објави Орбан на својот X профил.

Тој истакна дека во случај да биде обврзана да обезбеди 9 милијарди евра за Украина, Унгарија ќе мора да ги укине пензиите за 13-тиот и 14-тиот месец, шемите за поддршка на домувањето, субвенциите за купување семејни куќи, намалените цени на енергијата за домаќинствата, единствениот данок на доход, шемата за кредитирање за работниците и даночните олеснувања за мајките, младите луѓе и семејствата.

– Можам да продолжам во недоглед. Ова не е шпекулација. Генералниот план на Брисел е напишан црно на бело како препорака за секоја земја што ги крши прописите – оцени Орбан.

Тој рече дека одлуката ќе мора да се донесе брзо, имајќи предвид дека се ближат изборите во Унгарија.

– Едно е сигурно: велиме НЕ на воениот план на Брисел – рече унгарскиот премиер.

ИЗДВОЕНИ