Орбан им се спротивстави на лидерите на ЕУ: Такво нешто не доаѓа предвид!

457

Планот на лидерите на земјите-членки на ЕУ за прием на Украина во блокот најдоцна до 2030 година „мора да се запре“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Да се забрза влезот на Украина во ЕУ? Тоа е планот на Брисел, а не наш. Ако Унгарците сакаат да го спречат тоа да се случи, а јас им препорачувам да го сторат тоа, сега е време да се направи нешто. Подоцна ќе биде доцна. На себе и на секој граѓанин на Унгарија си даваме право да одлучува за ова прашање“, изјави Орбан за унгарскиот портал ОТ.

Орбан истакна дека лидерите на ЕУ сакаат да примат земја во блокот која, според него, не е суверена, чија источна граница е непозната и чија територијална големина не е веродостојно позната.

„Не знаеме ни колку жители има. Таа земја не е самоодржлива“, рече Орбан.

Тој изјави дека Украина само со странска помош ја одржува својата војска и функционирањето на целата државна администрација.

„Во меѓувреме, Украина бара ЕУ да се обврзе да ја финансира милионската армија на Украина во наредните децении, користејќи ги парите на европските даночни обврзници“, рече тој, додавајќи дека движечката сила зад пристапот на Украина во ЕУ не е мирот, туку продолжувањето на војната.

 

ИЗДВОЕНИ