Унгарскиот премиер Виктор Орбан, остро одговори на изјавите на украинскиот претседател Вoлодимир Зеленски, кој во едно интервју го обвини дека го „поддржува Путин“ со блокирање на преговорите за пристапување на Украина со Европската Унија.
Зеленски рече дека нема намера да понуди отстапки на Будимпешта, на што Орбан одговори дека Украина не ја брани Унгарија и дека не и должи ништо на Будимпешта, пишува Euronews.
Зеленски: Орбан треба да и понуди нешто на Украина
Во интервју објавено во вторник, Зеленски рече дека Унгарија треба да ја поддржи одбраната на Европа од страна на Украина, наместо да бара отстапки.
„Не мислам дека морам да му понудам нешто на Виктор Орбан“, рече Зеленски.
„Мислам дека Виктор Орбан треба да и понуди нешто на Украина, која ја штити цела Европа од Русија, а дури и сега, за време на оваа војна, не добивме никаква поддршка од него, поддршка за нашата визија за живот“, додаде украинскиот претседател.
Орбан: Безбедноста на Унгарија е загарантирана од НАТО, а не од Украина
Одговорот на Орбан дојде кратко по објавувањето на интервјуто. Унгарскиот премиер ја отфрли сугестијата дека неговата земја му должи нешто на Киев.
„Украина не ја брани Унгарија од никого или од ништо. Ние не го побаравме тоа, ниту пак ќе го побараме. Безбедноста на Унгарија е загарантирана од нашите национални одбранбени капацитети и од НАТО, чиј член за среќа Украина не е“, рече Орбан.
Тој истакна дека Унгарија досега обезбедила приближно 200 милиони евра хуманитарна помош, како и дека продолжува да ја снабдува земјата разорена од војна со гас и електрична енергија.
Премиерот го повтори цврстото противење на Унгарија на влезот на Украина во ЕУ.
„Унгарија не го поддржува и нема да го поддржи пристапувањето на Украина во Европската Унија, бидејќи тоа би донело војна во Европа и би одзело пари од Унгарците во Украина“, рече Орбан, додавајќи дека Киев би сакал да има подобар статус како „стратешки партнер“ отколку полноправен член.












