Унгарскиот премеир Виктор Орбан изјави денеска дека, според јавните проценки, на Украина ѝ се потребни 400 милијарди американски долари да ја продолжи војната со Русија во претстојните четири години, и дека се очекува таа сметка да ја плати Европската Унија, но истакна дека „финансирањето на Украина не е работа на Унгарија“, иако неговата земја е членка на ЕУ.
Орбан рече дека, освен ЕУ, не постои никој друг кој е подготвена да ја плати сметката, пренесува МТИ.
– Затоа е Бритсел толку возбуден. Затоа сакаат да ги запленат замрзнатите руски средства, да го ревидираат системот на финансирање на ЕУ и да земат нови кредити. Ние го отфрламе тоа. Не е работа на Унгарија да ја финансира Украина. Немаме причина за тоа, ни политичка, ни економска, ни морална. Не сме сами во Европа, но зборуваме најотворено. Затоа Брисел не напаѓа постојано, рече Орбан.
Тој рече, користејќи германски израз, дека ЕУ сака „јавол влада“, односно влада која само ќе рече „разбирам“.
– Тие сакаат „јавол влада“, со канцеларија на европскито јавен обвинител, економска политика во согласност со ЕУ, со екпсерти кои ги одобри Брисел и премиер кого можат да го контролираат“, оцени Орбан.












