Орбан: Европа мора да оди во Москва за постигнување безбедносен договор со Русија

276
Фото: EPA/OLIVIER MATTHYS

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека лидерите на Европската Унија треба да одат во Москва за да постигнат договор со Русија за безбедносни прашања, нагласувајќи дека соработката во оваа област не треба да се одвива преку САД, туку директно со Кремљ.

„Мораме да одиме во Москва и да склучиме безбедносен договор меѓу Европската Унија и Русија. Не само за Украина, туку и за целокупната безбедност на Европа“, рече Орбан, според руските медиуми.

Тој нагласи дека таков договор би предвидувал Украина да не стане членка ниту на НАТО ниту на Европската Унија. Како компромисно решение, тој предложи можност за склучување стратешки договор за соработка меѓу Киев и Брисел.

Унгарскиот премиер потсети дека веќе предупредил за слабостите на самата Унија, наведувајќи дека тековниот седумгодишен буџет, кој истекува во 2035 година, ќе биде „последен за Европската Унија“.

Во последните месеци, Орбан постојано изразуваше ставови што се спротивни на официјалната политика на Брисел, залагајќи се за крај на конфронтацијата со Москва и нагласувајќи ја потребата од постигнување компромис со цел да се зачува безбедноста на континентот.

ИЗДВОЕНИ