Орбан: Една деценија ги штитиме Унгарија и Европа од нелегална миграција, на наше тло можат да стапнат само оние на кои ќе им дозволиме

46
EPA/OLIVIER MATTHYS

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Унгарија се штити себеси и Европа од нелегална миграција веќе една деценија, откако ја „заклучи“ својата граница пред десет години.

„Овој потег предизвика гнев и закани во Брисел и стигматизација на Унгарија во западните престолнини, но ние истраeвме, ја затворивме јужната граница и рековме дека само оние на кои им дозволуваме можат да стапнат на унгарска почва“, рече унгарскиот премиер во објава на Фејсбук, објави MTI.

Орбан оцени дека Берлин, Стокхолм, Виена и Париз биле сведоци на загрозена јавна безбедност во изминатата деценија, додавајќи дека хорди мигранти ги тероризираат жителите во тие градови и дека експлозиите и убиствата сега се секојдневна рутина.

ИЗДВОЕНИ