Орбан до Фон дер Лајен: Не се мешајте во нашите закони!

166

Откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги повика унгарските власти да дозволат „Парадата на гордоста“ да се одржи во Будимпешта без закани за казни за организаторите и учесниците, се огласи и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој ѝ одговори на Урсула фон дер Лајен на социјалната мрежа X:

– Почитувана претседателке, ја повикувам Европската комисија да се воздржи од мешање во спроведувањето на законите во земјите-членки, во кои нема никаква улога. Исто така, ја повикувам Комисијата да ги фокусира своите напори на итните предизвици со кои се соочува ЕУ – на областите каде што навистина има јасна улога и одговорност, и каде што направи сериозни грешки во последните години, како што се енергетската криза и колапсот на европската конкурентност.“

Полицијата во Будимпешта ја забрани „парадата“, закажана за 28 јуни, бидејќи лицата под 18 години би се вклучиле во „забрането однесување“.

ИЗДВОЕНИ