Оралното здравје директно влијае на мозокот: Потврдена е изненадувачка врска со Алцхајмеровата болест и деменцијата

193

Научници во Јапонија открија можна врска помеѓу лошото орално здравје и раните знаци на невродегенеративни заболувања, вклучувајќи ја и Алцхајмеровата болест. Рецесијата на непцата, состојба кога непцата се повлекуваат кон корените на забите, може да биде многу посериозен проблем отколку што се сметаше претходно.

Губењето на забите и заболувањето на непцата сега се поврзуваат со намалување на волуменот на одредени делови од мозокот, особено хипокампусот, кој е клучен за меморијата и вештините за размислување и е познато дека е значително намален кај луѓето со Алцхајмерова болест.

Ова откритие доаѓа од истражување спроведено од тим од Универзитетот Тохоку, а резултатите беа презентирани во списанијата „Science Daily“ и „Neurology“.Во студијата учествувале 172 испитаници над 55 години, без дијагностицирано когнитивно оштетување. Во период од четири години, тие подложеле на детални стоматолошки прегледи и скенирање на мозокот со магнетна резонанца.

Наодите покажуваат дека луѓето со потежок губиток на заби и тешки заболувања на непцата имале побрз пад на левата страна на хипокампусот.
Научниците пресметале дека губењето на еден заб може да одговара на стареење на мозокот од една до дури 1,3 години.

Еден од авторите на студијата, Сатоши Јамагучи, нагласил:

– Болестите на непцата и губењето на забите се меѓу најчестите стоматолошки проблеми. Нашите резултати укажуваат дека нивната потенцијална поврзаност со развојот на деменција треба да се сфати посериозно. Заклучокот од студијата јасно сугерира дека одржувањето на оралното здравје, особено во староста, може да игра важна улога во заштитата на мозокот и спречувањето на когнитивниот пад, пишува ScienceDaily.

ИЗДВОЕНИ