недела, февруари 15, 2026
Дома СВЕТ Општите избори во Холандија закажани за 29 октомври

Општите избори во Холандија закажани за 29 октомври

131

Парламентарните избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври, изјави денес министерката за внатрешни работи во заминување, Џудит Ујтермарк.

Холандија ќе одржи општи избори откако лидерот на крајната десница, Герт Вилдерс, ја повлече својата Партија за слобода од холандската влада претходно оваа недела, откако неговите коалициски партнери ги отфрлија неговите предлози за справување со имиграцијата, објави новинската агенција ANP.

Во Холандија е формирана привремена влада по излегувањето на Вилдерс од коалицијата и последователната оставка на премиерот Дик Шуф.

ИЗДВОЕНИ