Општинско комунално претпријатие фрла ѓубре на своја територија!?

21

Крајот на мандатот на скопската градоначалничка, Данела Арсовска, ако по ништо друго, ќе остане запаметен по објавите на видеоснимки со „детектирани аномалии“ на територијата на скопските општини. За последната што ја објави тврди дека е документирано формирање дива депонија, и тоа од страна на вработени во Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“, кои треба да ја одржуваат хигиената.

Инцидентот, според видеото, се случил во селото Јурумлери, каде што, на само неколку метри од знак со ознака „Забрането фрлање ѓубре“, поставен од Општина Гази Баба, се гледа како камион на претпријатието истура отпад. Според Арсовска, ова е директен доказ за кривично дело извршено од лица под ингеренции на локалната самоуправа. Таа обвинува дека ваквите активности се организирани од самите општински власти, кои, како што вели, свесно ја саботираат работата на ЈП „Комунална хигиена“ преку партиски поставени кадри, со цел да создадат хаос, а потоа политички профитираат глумејќи спасители.

 (А. П.)

ИЗДВОЕНИ