Општина Битола ќе им додели финансиска поддршка на спортските клубови на нејзина територија, во кои членуваат деца од ранливите категории. Од Општината информираат дека за оваа активност, во програмата има вкупно средства во износ од 100.000 денари.
За таа цел е распишан јавен повик, според кој под поимот „деца од ранливи категории“ се опфатени децата со попреченост, како и децата од семејства корисници на гарантирана минимална помош.
Повикот се однесува исклучиво на децата што се запишани и активно тренираат во клубот/здружението до денот на објавувањето на јавниот повик. Средствата ќе се реализираат најдоцна до 31 декември 2026 година.
Временскиот период за овој повик е јануари – декември 2026 година.
Потребната документацијата треба да се достави во архивата на Општината или по пошта, во рок од 10 работни дена од денот на објавувањето на овој повик, заклучно со 13.3.2026.












