Општините Штип, Карбинци, Радовиш и Конче имаат заедничка стратегија за справување со пожарите на отворено

24

Општините Штип, Карбинци, Радовиш и Конче имаат заедничка стратегија за превенција на пожарите на отворено.

Здружението за рурален развој ЛАГ „Плачковица“, при правењето на стратегијата, утврди дека земјоделските површини се најризични и дека човекот е најчесто причинител за пожарите на отворено.

Столе Ѓорѓиев, претседател на ЛАГ „Плачковица“, вели дека во стратегијата за четирите општини се утврдени и превентивни мерки, дефинирање на ризичните зони и правење пунктови за брза интервенција при пожари на отворено.

– Превентивните мерки се дефинирање на зони, пробивање патишта, расчистување на оние места каде што има потенцијал за развој на пожар, санирање на земјоделските земјишта. Мора да се подигне јавната свест – забрането палење земјоделски отпад, забрането палење во шумските предели и правење пунктови што ќе бидат за поддршка во случај на справување со пожари – вели Ѓорѓев.

Командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип, Благој Ренџов, истакна дека имаат кадар, но и дека е потребно опремување на единиците со опрема за рано откривање на пожари на отворено.

– Од опрема, недостигаат дронови, како и усовршување за откривање на раните пожари. Недостига и опрема како мешиња, метли и возила. Од опрема, секогаш ќе бидеме во дефицит – изјави Ренџов.

Ова лето гореше шумата на планината Готен, на територија на општините Радовиш, Струмица и Берово. Пожарот зафати површина од 1.948 хектари, а штетата се проценува на околу 224.000 евра. 

 

 

ИЗДВОЕНИ