Општините се мост меѓу граѓаните и државната дипломатија

32

Можностите за соработка како на локално ниво, во рамки на општина Кисела Вода, така и на пошироко ниво, преку Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС), била една од темите на разговор на средбата меѓу градоначалникот и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, и амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој која се одржа денеска в о просториите на Општина Кисела Вода.

-Со амбасадорот Улусој ја отворивме можноста за продлабочување на односите преку конкретна соработка на локално ниво. Општините се директен мост меѓу граѓаните и државната дипломатија, а ваквите средби се одлична можност да се иницираат проекти што ќе донесат конкретни придобивки за заедниците. Како претседател на ЗЕЛС, ја гледам оваа комуникација како потенцијал за партнерства кои ќе бидат од корист за сите граѓани – изјави Ѓорѓиевски.

На средбата, која се одвивала во пријателска и конструктивна атмосфера, присуствувала и пратеничката Иванка Додовска.

 

 

ИЗДВОЕНИ