среда, февруари 11, 2026
Дома СКОПСКА Општината вторпат домаќин на регионалниот економски саем „Експо Илинден 2026“     

Општината вторпат домаќин на регионалниот економски саем „Експо Илинден 2026“     

10

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, и компанијата „Панекс експо“ ДООЕЛ, и годинава потпишаа меморандум за соработка, со кој официјално се потврдува организацијата на „Експо Илинден 2026 “– вториот регионален економски саем кој ќе се одржи во општина Илинден.

Целта на саемот е понатамошно зајакнување на локалниот економски развој преку поврзување на бизнис-заедницата, претприемачите, инвеститорите и другите релевантни чинители.

– „Експо Илинден 2026“ повторно ќе биде платформа за промоција на домашните компании, размена на идеи, воспоставување нови партнерства и отворање можности за пораст и инвестиции – соопштија од Општина Илинден.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека континуитетот на ваквите настани е од исклучително значење за локалната економија и дека Општина Илинден и понатаму ќе биде активен партнер во иницијативи кои придонесуваат за одржлив развој и за поквалитетен живот за граѓаните.

Организацијата на саемот вторпат е показател за позитивните резултати од првото издание, како и за континуираниот економски напредок на Општина Илинден. Општината, како покровител на настанот, уште еднаш ја потврдува својата заложба за поддршка и унапредување на економскиот и бизнис сектор.

ИЗДВОЕНИ