Општината Ѓорче Петров наредната година ќе располага со 1,45 милијарди денари. Советот вчера даде зелено светло на буцетот за 2026 година, кој според општинските власти претставува реален, одговорен и развоен финансиски план, насочен кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и забрзување на локалниот развој.
Инаку, речиси 60% од буџетот се наменети за капитални расходи – јасен показател за определбата средствата да се вложуваат во трајни и видливи проекти.
-За капитални инвестиции се издвоени над 596 милиони денари, кои ќе бидат насочени кон: реконструкција и изградба на локални улици и инфраструктура, изградба и унапредување на детски градинки, значајни инвестиции во образованието, подобрување на јавната инфраструктура и осветлување, развој на спортот и рекреацијата. Образованието останува еден од клучните приоритети, со значителни капитални и тековни вложувања во училишната инфраструктура, подобри услови за учениците и поддршка на наставниот кадар – соопштија од Општина Ѓорче Петров.
Оттаму до даваат дека буџетот предвидува и зголемена поддршка за граѓаните преку субвенции, социјални мерки и трансфери, како и средства за поттикнување на локалниот економски развој.
-Буџетот за 2026 година е балансиран и одржлив, изработен со строга финансиска дисциплина и јасна визија за развој на општината. Секој денар е планиран со цел да донесе конкретен резултат и долгорочна корист за заедницата – децидни се од Општина Ѓорче Петров.












