Општина Крива Паланка изнајмува продажни штандови  

26

Заинтересираните можат да изнајмат продажен штанд за продажба на: греано вино, храна, печени костени, крофни и палачинки, кафе и топли пијалаци, новогодишни пакетчиња, новогодишни честитки, сувенири и ракотворби, детски играчки и  фотографија. Поставените монтажно-демонтажни објекти, кои ќе бидат изнајмени од страна на правни и физички лица, ќе бидат со работно време од 10:00 до 22:00 часот, секој ден, во временскиот период од 20.11.2025 година до 20.01.2026 година

 

Жителите на Крива Паланка ќе можат да изнајмат продажни штандови по повод новогодишните и божиќните празници и празникот Богојавление – Водици за периодот од 20.11.2025 до 20.01.2025 година.

Сите заинтересирани правни и физички лица можат да поднесат барање до Одделение за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Крива Паланка, и тоа од 03.11.2025 година, сè до исполнување на локациите.

Штандовите ќе бидат поставени од Општина Крива Паланка на Градскиот плоштад. Барателите можат да изнајмат продажен штанд за продажба на: греано вино, храна, печени костени, крофни и палачинки, кафе и топли пијалаци, новогодишни пакетчиња, новогодишни честитки, сувенири и ракотворби, детски играчки и  фотографија. Поставените монтажно-демонтажни објекти, кои ќе бидат изнајмени од страна на правни и физички лица, ќе бидат со работно време од 10:00 до 22:00 часот, секој ден, во временскиот период од 20.11.2025година до 20.01.2026 година.

Одредувањето на локацијата со продажен штанд ќе се спроведе по принципот „Прв дојден, прв услужен“. Строго е зaбрането поставување производи надвор од изнајмениот објект.

Корисникот на продажен штанд има обврска да ги плати режиските трошоци за електрична енергија за нормално функционирање на објектот, на начин кој ќе биде утврден во договорот за утврдување на условите за изнајмување и користење продажен штанд, кој ќе биде склучен помеѓу Општината и корисникот. Доколку барањето се поднесува за изнајмување на продажен штанд за храна, во тој случај е потребно да се има предвид Законот за безбедност на храната и да се постапува во согласност со него.

ИЗДВОЕНИ