понеделник, март 2, 2026
Дома СКОПСКА Општина Карпош ќе поставува „репелент“ околу училиштата, градинките, покрај парковите…

Општина Карпош ќе поставува „репелент“ околу училиштата, градинките, покрај парковите…

82

Во рамките на редовните пролетни активности, Општина Карпош и оваа година има ангажирано овластена фирма што се занимава со ставање „репелент“, средство за превенција и заштита од змии.

Со оглед на моменталните временски услови (бидејќи постојат услови за врнежи од дожд), надлежните информираат дека наскоро, кога се очекува да настапи стабилно и сончево време, службите ќе излезат на терен и ќе ја спроведат акцијата за поставување на ова заштитно средство.

Ќе се става „репелент“ околу основните училишта и детските градинки, како и во непосредна близина на плоштадите, парковите и пофреквентните места на територијата на Карпош.

Станува збор за природен производ, кој е безопасен за луѓето, животните и за околината и кој придонесува за намалување на појавата на влекачи.

 

ИЗДВОЕНИ