Општина Карпош доделува стипендии за талентираните ученици и спортисти

49

Општина Карпош доделува стипендии за талентираните ученици и талентирани спортисти – ученици од основните училишта на територијата на Општина Карпош, за учебната 2025/2026 година. За таа цел се распишани и два јавни огласа. Според огласите, се работи за ученици од VIII или од IX одделение, жители на Општината.

Талентираните ученици треба да имаат освоено прво, второ или трето место на акредитирани натпревари. Освен тоа, потребно е да имале континуиран одличен успех во VI и во VII одделение (за учениците од VIII одделение), односно во VI, VII и во VIII одделение (за учениците од IX одделение).

За прва категорија, висината на стипендијата изнесува 3.500 денари месечно, додека за втора категорија – 3.000 денари месечно.

Потребно е талентираните ученици спортисти да имаат индивидуални спортски резултати, потврдени од матичната национална спортска федерација и да се во согласност со календарот на натпревари на националните федерации за периодот од 1.9.2024 година до завршувањето на огласот. Висината на стипендијата изнесува 3.000 и 3.500 денари.

ИЗДВОЕНИ