Општина Илинден набави цистерна за миење на улиците и за доставување пивка вода

118

Општина Илинден првпат набави цистерна за миење на улиците и за доставување пивка вода, која му е на располагање на Јавното комунално претпријатие „Илинден“.

– Цистерната е со капацитет од 7 кубни метри и ќе се користи за различна намена, вклучувајќи достава на пивка вода, полевање на садниците, миење на улиците и на јавните површини – информираат од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, напомена дека она што е од особена важност е што првпат добиваат возило што ќе може да се користи за интервенирање при гаснење пожари и жаришта во сите населени места во Општината, со што значително се зголемува безбедноста.

Од Општина Илинден велат дека со ова се прави чекор напред во унапредувањето на услугите, при што првпат се овозможува континуирано миење на главните улици во Општината, нова услуга што досега ја немале граѓаните, а е од особена важност за подобрување на хигиената на јавните простори во Општината.

 

ИЗДВОЕНИ