среда, февруари 18, 2026
Дома СКОПСКА Општина Ѓорче Петров доделува субвенции за купување нови велосипеди

Општина Ѓорче Петров доделува субвенции за купување нови велосипеди

42

Општина Ѓорче Петров доделува субвенции за купување нови велосипеди за годинава. За таа цел, објави јавен повик.

Од Општината соопштија дека вредноста на субвенцијата изнесува 50 % од вкупната цена на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари за лице, вклучително и данок на личниот доход.

– Право на користење на средствата имаат жителите на Општина Ѓорче Петров што ќе купат нов велосипед на територијата на Република Македонија, во периодот од 1.1.2025 година до 30.6.2025 година или до исцрпување на предвидените средства – појаснуваат од локалната самоуправа.

Јавниот повик ќе трае до 30 јуни 2025 година, односно до исцрпување на буџетот предвиден за оваа намена, во висина од 500.000 денари.

Пристигнатите барања ќе се разгледуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, според датумот и времето на поднесување. Аплицирањето се врши во архивата на Општината, секој работен ден од 8:30 до 15:00 часот, во затворен плик, со потребната документација.

– Со оваа мерка, продолжуваме да ги поддржуваме здравите и еколошки навики на нашите сограѓани. Грижата за животната средина и поттикнувањето на физичка активност се важен дел од локалните политики – изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

ИЗДВОЕНИ