Општина Гази Баба ќе доделува по 10.000 денари субвенции за полагање на возачки испит на младите на возраст од 18 до 25 години.
За таа цел е објавен јавен повик.
На него може да аплицираат млади на возраст од 18 до 25 години кои се жители на Општина Гази Баба. Тие треба да поднесат барање во архивата на Општината, да имаа уплатено во регистрирана автошкола. Воедно, апликантите треба да достават и копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, доказ за извршена уплата (оригинал), тековна состојба на автошколата (не постара од 2 месеци).












