Согласно со Законот за урбано зеленило и со Одлуката за комунален ред на Општината, инспектори од Општина Гази Баба изрекле опомени за повеќе моторни возила кои биле непрописно паркирани на зелена и јавна површина долж улицата „Коце Металец“ во населбата Железара.

– Зелените површини се белите дробови на нашата заедница и мора да ги чуваме – нагласуваат од Општина Гази Баба.

Општинските власти ги повикаа сопствениците на непрописно паркираните возила да ги отстранат во предвидениот рок.

– Доколку тоа не биде сторено, ќе следуваат соодветни прекршочни санкции согласно законските прописи – нагласуваат од Општина Гази Баба.

Оттаму додаваат дека со вакви акции ќе продолжат и во другите населени места.

 

ИЗДВОЕНИ