среда, февруари 11, 2026
Дома СКОПСКА Општина Центар финансиски ќе го поддржи проектот „Светски ден на поезијата“

Општина Центар финансиски ќе го поддржи проектот „Светски ден на поезијата“

92

Општина Центар ги повикува сите заинтересирани културни работници, здруженија и организации од областа на културата и уметноста да аплицираат на јавниот повик за финансиска поддршка на проектот „Светски ден на поезијата“.

-Целта на проектот е да се потенцира значењето на пишаниот збор и да се промовира поезијата како дел од културното наследство преку спојот на поезијата и музиката – соопштија од Општина Центар.

Оттаму информираат дека во рамките на проектот, е предвидено да се изработат музички аранжмани на безвременските дела од македонската литература, нудејќи богато и оригинално искуство за публиката.

-Оваа уникатно поврзување на поезијата и музиката ќе биде претставено на 21 март, на Светскиот ден на поезијата. Целта е да ги поттикнеме нашите уметници да ги спојат во хармонија нотите и зборовите, создавајќи ново искуство кое ќе ја приближи поезијата до секој – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Право на учество на јавниот повик имаат физички лица, здруженија и правни субјекти од областа на културата со седиште на територијата на Општина Центар.

При изборот на проектите ќе се земат предвид оригиналноста на идејата, референците и портфолиото на апликантите, како и прифатливоста на финансиската конструкција.

Вкупниот буџет за поддршка на проектот изнесува 400.000 денари.

Рокот за поднесување на пријавите е 5 дена од денот на објавување на јавниот повик на веб страницата на Општина Центар.

Проектот е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2025.

 

ИЗДВОЕНИ