вторник, февруари 3, 2026
Дома СКОПСКА Општина Центар доделува субвенции за полагање на возачки испит

Општина Центар доделува субвенции за полагање на возачки испит

1258

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува младите да се пријават за доделување субвенции за полагање на возачки испит Б-категорија. Субвенцијата е во висина од 10.000 денари.

Право на субвенција имаат сите млади лица кои во текот на 2025 година ќе наполнат 18 години, односно сите родени во 2007 година, а живеат во општина Центар најмалку една година. Потребно е да се достават: барање за субвенција за полагање возачки испит Б-категорија во автошколи на подрачјето на општина Центар, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, доказ за извршена уплата во автошкола и доказ дека автошколата е регистрирана на подрачјето на општина Центар.

Јавниот повик ќе трае сè до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Центар, односно до 31.12.2025 година.

Правото на субвенција е еднократно.

Ваква субвенција претходно воведе и општина Карпош и истата се покажа како успешна.

ИЗДВОЕНИ