Oпштина Чучер Сандево оваа година првпат организира настан посветен на празничната магија на Нова година. Настанот ќе се одржи денеска со почеток во 18:00 часот, во селото Мирковци.
– Целта е сите заедно да се забавуваме и да го почувствуваме духот на празниците – велат од Општина Чучер Сандево.
Подготвена е богата програма за најмладите, но и за постарите.
Ќе има сликање со Дедо Мраз и пакетчиња за децата, забавни маскоти, како и новогодишен базар со рачно изработени производи. Воедно, ќе може да се проследи и настапот на Благица Ѕунзуровска.
Општината ги повикува сите жители да се придружат и заедно да ја почувствуваат празничната атмосфера.












