Општина Битола распиша јавен повик за „Зимската приказна“

12

Општините почнаа со подготовките за претстојните новогодишни и божикните празници.

Општина Битола веќе објави Јавен повик за учество во организација и во реализација на културни и на туристичко-промотивни активности во пресрет на новогодишните празници и збогатување на понудата на јавни содржини во општина Битола по повод дочекот на Нова 2026 година – „Зимска приказна“.

Од Општината информираат дека право да аплицираат на јавниот повик имаат сите домашни правни и физички лица кои работат во областа на културата и во областа на културниот туризам, со достава на апликација и со изјава за согласност (дадени во прилог на овој повик) потпишани со печат и скенирани електронски на електронската адреса: [email protected] или во архива на Општина Битола, шалтер брoj:3 (работно време  од 7:30 до 15:30 часот).

Изборот на настаните ќе го изврши Комисија за селекција и евалуација формирана од градоначалникот, задржувајќи го правото да направи распоред на настаните.

ИЗДВОЕНИ