Општина Битола дел од 19 „Зелени“ од Западен Балкан                      

13

Општина Битола стана членка на Алијансата „Green Mayors“ во која членуваат 19 општини од државите во Западен Балкан.

На основачкото собрание што се одржа во албанскиот град Драч е утврдена регионална платформа за забрзување на зелената транзиција преку општинско лидерство и прекугранична соработка, информираа од Општина Битола.

– Потпишувањето на заедничката соработка се одржа на Форум на „зелени“ градоначалници во Драч, што го организираше OSF-WB (Фондација отворено општество – Западен Балкан), а на кој учествуваа повеќе од 100 општински лидери, претставници на училишта, организации на граѓанското општество и експерти за енергетика. Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на панел дискусијата посветена на градоначалниците од регионот го истакна проектот „Сончеви училишта“ и слични иницијативи кои покажуваат како промените можат да се случат на ниво на заедницата – соопштија од Секторот за односи со јавност во Општина Битола.

Општина Битола според реализираните проекти и иницијативи, за енергетска ефикасност и зелени решенија е високо позиционирана меѓу градовите од Западен Балкан.

 

ИЗДВОЕНИ