вторник, март 3, 2026
Дома СКОПСКА Општина Аеродром ќе доделува признанија

Општина Аеродром ќе доделува признанија

15

Општина Аеродром доделува признанија за особени достигнувања во: науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина. За таа цел е распишан и јавен повик.

Признанијата се за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучувајќи и постхумни награди.

Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица. Рокот за пријавување е седум работни дена од денот на објавување на повикот.

Пријавувањето се врши во Општина Аеродром (булевар „Јане Сандански“, 109Б, 1000 Скопје или лично во архивата (од 09:00 до 15:00 часот).

 

ИЗДВОЕНИ