Општина Аеродром ја расчистува локацијата кај поранешниот „Мекдоналдс“ 

33

Екипите на Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром денеска ја расчистуваа локацијата кај поранешниот „Мекдоналдс“, која се наоѓа на приватно земјиште со запишан објект.

Од Општина Аеродром информираат дека иако сопствениците добиле налог да ја исчистат оваа со години запуштена локација, тоа не било направено. Поради тоа, на терен излегле комуналните екипи на Општината.

По уредувањето, Јавното претпријатие ќе достави фактура до сопствениците со износот за извршените работи децидни се од Општина Аеродром.

Оттаму додаваат дека остануваат посветени на чиста, безбедна и уредна средина и ќе продолжат решително да реагираат секаде каде што сопствениците не постапуваат согласно со законските обврски.

 

ИЗДВОЕНИ