Опсадна состојба во Минхен: Се слушаат експлозии, едно лице загина, друго е повредено

46

Неколку експлозии се слушнале утрово во германскиот град Минхен, објавува „Билд“ . Голема операција е во тек во северниот дел на градот од раните утрински часови. Специјалните сили и експертите за деактивирање бомби се на местото на настанот.

Според „Билд“, се слушнале и истрели. Пронајдено е и тело на маж, а „Билд“ наведува дека мажот веројатно поставил експлозиви во куќата на своите родители, ја запалил, а потоа си го одзел животот. Најмалку едно лице е пронајдено и со прострелни рани.

Локацијата на инцидентот е улицата Лерхенауер во северниот дел на Минхен. Полицијата опколи голема површина и им советува на жителите и возачите да ја избегнуваат или да се движат заобиколувајќи ја областа.

ИЗДВОЕНИ