Опсадна состојба во австралиската држава Викторија: Двајца полицајци убиени, еден ранет, убиецот побегнал со целото семејство

393
Screenshot: 7newsMelbourne

Двајца полицајци се убиени во пукотница на рурален имот во Порепунка, на североистокот од австралиската држава Викторија, пишува ABC News. Според жителите околу пладне ги слушнале сирените на службите за итни случаи како брзаат низ малото гратче. Осомничениот за убиство наводно е во бегство со неговите деца!

Полицијата дошла да изврши претрес на куќа во вторник наутро кога еден маж – за кој се верува дека е поддржувач на движењето за суверени граѓани – отворил оган врз нив.

Напаѓачот успеал да избега и по него била започната обемна полициска потера.

Според полициски извори, напаѓачот избегал од имотот со членовите на неговото семејство, меѓу кои и децата.

Наводно, полицијата успеала да го опколи во блиската шума, но нема информации дека бил совладан. На граѓаните им било наредено да останат во своите домови и да ја избегнуваат областа.

Според првичните информации, двајца полицајци починале на самото место, додека третиот полицаец бил префрлен во болница. Сè уште не е познато колку се сериозни неговите повреди.

Се верува дека осомничениот е самопрогласен „суверен граѓанин“ – член на движење чии следбеници го отфрлаат авторитетот на државата, законите и даноците и не ги признаваат полицијата и судовите како легитимни институции.

Пукањето се случило во близина на основното училиште, кое сега е во блокада.

Во тек е голема полициска операција со десетици единици, а граѓаните се повикуваат да ја избегнуваат областа.

ИЗДВОЕНИ