Опожарено возило „ленд ровер“ во Струмица, пожарот се проширил и на други возила
Како што соопшти МВР, возилата биле паркирани на паркинг простор пред зграда на ул. „Браќа Миладинови“ во Струмица.
Од страна на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
На 21.02.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во времето од 19:30 до 19:45 часот настанал пожар на паркирано патничко возило „ланд ровер“ со струмички регистарски ознаки сопственост на Н.М.(51) од Струмица, кој се проширил и зафатил и друго паркирано возило „форд“ со струмички регистарски ознаки сопственост на В.Т.(53) од Струмица.
Возилата биле паркирани на паркинг простор пред зграда на ул. „Браќа Миладинови“ во Струмица.
За случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршија инспектор за пожари и екипа на СВР Струмица.












