Рускиот функционер и поранешен претседател Дмитриј Медведев упати отворена закана до Германија, споменувајќи ја можноста за директни напади врз нејзините воени објекти, како и други цели во Берлин.
„Тие заслужуваат директен удар врз сите германски фабрики што произведуваат воена опрема за Бандеровата клика“, напиша Медведев на Телеграм.
Потоа тој ја ескалираше заканата дополнително, велејќи дека„сосема е можно“ да бидат нападнати и „некои други локации во Берлин“.
Заканите на Медведев дојдоа откако Германија ја обвини Русија дека стои зад обидот за напад со беспилотни летала на аеродромот Лајпциг/Хале на 4 август. Затоа Берлин објави нови мерки против Москва, вклучително и затворање на рускиот конзулат во Бон и заострување на мерките против руските граѓани.
Медведев, исто така, им се закани на западните функционери кои ја поддржуваат Украина, наведувајќи дека тие „често патуваат во Киев со воз“.
Неговите изјави претставуваат нова ескалација на реториката на Москва кон Германија и другите европски земји кои ја поддржуваат Украина воено и политички.












