Труење со опасен гас е причината за смртта на турско-германското семејство во хотелот во Истанбул

0

Околу две недели откако едно семејство од германско-турско потекло почина на одмор во Истанбул, Турција, сега е откриена причината за смртта. Според резултатите од обдукцијата, семејството починало од труење со високо токсичен гас фосфин, објавува Ал Арабија.

Мајката, Чигдем (27), и нејзините две мали деца, Масал (3) и Кадир (6), починале истиот ден кога биле отруени, додека таткото, Сервет (38), починал неколку дена подоцна во болница. Тие биле на одмор во хотел во Истанбул во кој претходно престојувале, но овој пат семејното патување завршило трагично.

Фосфинот е екстремно токсичен гас, безбоен и без мирис, како и запалив. Се користи за контрола на штетници и е невротоксин кој е опасен дури и во многу ниски концентрации. Кај луѓето, фосфинот може да доведе до симптоми како што се сува кашлица, повраќање, дисфункција на црниот дроб и бубрезите – и може да биде опасен по живот ако се вдишe.

ИЗДВОЕНИ