Од Зоолошката потврдуваат дека првите месеци од отворањето постоела преголема заинтересираност за негова посета како нешто што првпат се отвора во нашата држава, но оттаму велат дека со текот на времето е нормално интересот да е помал. Поради недоволен број вработени, а плус и неколкумина кои заминале во пензија, сега постои само еден влез за Динопаркот, преку главниот на Зоолошката градина, иако првично постоеше и влез од страната на Градски парк, кој е затворен. Од Зоолошката велат дека досега немало поголеми оштетувања на фигурите.
– Околу сервисирањето, станува збор за мали поправки, на пример ако се расипе некој звучник, но поголеми оштетувања досега нема на ниту една фигура, сите се во добра состојба – нагласуваат од Зоолошката градина.
И во Штип по примерот на Скопје, неодамна беше отворен Динопарк. Општина Штип изгради Динопарк на површина од речиси 10.000 квадратни метри во излетничката месност Кртеќе, каде се и паркот Бриони и Зоолошката градина

Кај нас секое чудо за три дена. Така е и со Динопаркот во рамките на скопската Зоолошка градина кој беше отворен во мај 2021 година во време кога градоначалник на град Скопје беше Петре Шилегов.
И од Зоолошката потврдуваат дека првите месеци од отворањето постоела преголема заинтересираност за негова посета како нешто што првпат се отвора во нашата држава, но со текот на времето, оттаму велат дека е нормално интересот да е помал.
Поради недоволен број вработени, а плус и неколкумина кои заминале во пензија, сега постои само еден влез за Динопаркот, преку главниот на Зоолошката градина, иако првично постоеше и влез од страната на Градски парк кој е затворен.
Од Зоолошката велат дека досега немало поголеми оштетувања на фигурите.
– Околу сервисирањето, станува збор за мали поправки, на пример ако се расипе некој звучник, но поголеми оштетувања досега нема на ниту една фигура, сите се во добра состојба – нагласуваат од Зоолошката градина.
Динопаркот се простира на површина од 2.000 квадратни метри и има вкупно 41 реплика на диносауруси од креда и јура периодот, од кои дел се во природна големина со синхронизирани движења, проследени со звуци. Дополнително, во Динопаркот функционално се распоредени и придружни елементи – патеки, зеленило и дел за одмор. Ова е првиот Динопарк на Балканот каде што има толкав голем број фигури од праисториски животни, како и едукативни содржини за секој од различните видови животни.
За изградбата на овој парк од Буџетот на Град Скопје беа потрошени околу 350 илјади евра. Влезот во Динопаркот чини 50 денари.
И во Штип по примерот на Скопје, неодамна беше отворен Динопарк. Општина Штип изгради Динопарк на површина од речиси 10.000 квадратни метри во излетничката месност Кртеќе, каде се и паркот Бриони и Зоолошката градина. Поставени се педесетина експонати, од кои дваесетина се виртуелни диносауруси кои што реагираат на сензори и се движат и притоа испуштаат крикови.
(А. П.)












