Во вториот квартал годинава во патничкиот патен превоз превезени се 10.007.000 патници, што е намалување за 6,3% во однос на истиот квартал лани, објави Државниот завод за статистика.
Најголемо намалување од 27,7% има во меѓународниот превоз, по што следуваат градскиот превоз со пад од 10,6%, меѓуградскиот со 5,2%, како и приградскиот 3,5%.
Вкупниот број патничките километри во второто тримесечје од годинава е 256.889.000 и е зголемен за 19,3% во однос на истиот период од претходната година. Во градскиот превоз е зголемен за 35,4%, во приградскиот превоз за 9,1%, во меѓународниот за 32,5%, а намалување од 0,2%е регистрирано во меѓуградскиот превоз.