понеделник, февруари 23, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Онлајн трговец се обложил на падот на Мадуро и заработил богатство

Онлајн трговец се обложил на падот на Мадуро и заработил богатство

2606
EPA/MIGUEL GUTIERREZ

Онлајн трговец кој предвидува движења на пазарот се обложил еден ден пред американската воена операција дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро ќе биде соборен од власт, заработувајќи неколку стотици илјади долари, објавија денес американските медиуми.

Како што објави Волстрит џурнал, непознат инвеститор инвестирал повеќе од 30.000 долари на обложувалницата Полимаркет со предвидување дека Мадуро ќе биде соборен од власт до 31 јануари 2026 година.

На овој начин, тој остварил профит од над 430.000 долари.

Корисникот отворил сметка на Полимаркет на 27 декември и се обложил само на две работи: инвазија на САД врз Венецуела и соборување на претседателот Мадуро.

Во тоа време, обложувалницата ја проценила веројатноста за интервенција против Венецуела на само шест проценти.

ИЗДВОЕНИ