среда, јануари 28, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „One Stop Shop“ на граница пред летната сезона-Македонија и Албанија со нови...

„One Stop Shop“ на граница пред летната сезона-Македонија и Албанија со нови мерки за побрз премин

34

Пред почетокот на летната сезона Македонија и Албанија ќе го имплементираат системот „One Stop Shop“ за побрз и поедноставен граничен премин, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој на заедничка прес-конференција со албанската министерка Албана Кочиу истакна дека тимови од двете држави веќе работат на реализацијата.

Тошковски информираше и дека е договорено унапредување на Центарот за меѓугранична соработка со зголемување на капацитетите и надлежностите, што ќе овозможи побрза координација меѓу службите. Разговарано било и за можноста граничниот премин Џепиште – Требиште да премине на 24-часовен режим на работа преку целата година.

Кочиу оцени дека мерките ќе го олеснат движењето на граѓаните и товарниот транспорт и ќе ја зајакнат економската соработка. Таа посочи дека во 2025 година биле реализирани околу пет милиони преминувања и 1,5 милиони возила, што ја потврдува потребата од поефикасни заеднички гранични точки. Министерката го покани Тошковски во официјална посета на Тирана за финализирање на договорените активности.

 

ИЗДВОЕНИ