
Еден дел од италијанските медиуми ја пласираа и информацијата дека калчо гигантот Интер сака повторно на располагање да ги има услугите на камерунскиот голман од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Андре Онана. Истите медиуми додаваат дека „нероазурите“ сакаат прво да го позајмат трофејниот голман, а потоа да преговараат за откуп на неговиот договор.