
Репрезентативниот голман на Камерун, Андре Онана, сериозно размислува никогаш повеќе да не го облече дресот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. Онана моментално настапува како позајмен голман во дресот на турскиот суперлигаш Трабзонспор, но се погласни се шпекулациите дека Камерунецот не сака да се врати на „Олд Трафорд“ кога ќе му заврши позајмицата.