
Поминувањето на ураганот Мелиса низ Јамајка создаде околу пет тони отпад кој ги блокира патишата и пристапот до основните услуги, предупреди денес Програмата за развој на Обединетите Нации(ИНДП).
Ураганот Мелиса е еден од најмоќните урагани кои некогаш ги погодиле Карибите, тоа е „најлошата климатска катастрофа во историјата на Јамајка“, рече претставникот на УНДП Кишај Ходај за медиумите.
Според почетните проценки, нанесена е штета приближно еквивалентна на 30 отсто од БДП на Јамајка, а се очекува таа бројка да порасне, додаде Ходај истакнувајќи ги големите размери на уништување по налетот на Мелиса.
„Разорувачкиот ураган предизвика широка штета низ западна и централна Јамајка, со изгубени животи, уништени домови, бизниси, фарми и инфраструктура, а тони отпад расфрлани низ островот“, рече тој.
Врз основа на анализата на сателитските податоци, УНДП проценува дека ураганот генерирал повеќе од 4,8 милиони тони отпад, доволно за да се наполнат 480.000 камиони.
Ова вклучува приближно 2,1 милион тони градежен шут, 1,3 милиони тони вегетациски отпад и 1,4 милиони тони лични работи.
„Цели заедници се опкружени со отпад“, рече претставникот на ОН, додавајќи дека неговото брзо отстранување е клучно.
32 лица загинаа на Јамајка и 76 низ Карибите откако Мелиса стигна до копното.
Ураганот стана помоќен и подеструктивен поради климатските промени предизвикани од човекот, според студијата на Империјал колеџ во Лондон.











