ОН ќе го намали буџетот за 20 проценти од почетокот на следната година

49

Секретаријатот на Обединетите нации подготвува намалување на буџетот од 3,7 милијарди долари, или 20 проценти, и елиминација на околу 6.900 работни места, според интерен меморандум што го виде „Ројтерс“.

Според агенцијата, меморандумот бара од персоналот детално да објасни каде можат да се направат намалувања на трошоците до 13 јуни.

Авторот на меморандумот, контролорот на ОН, Чандрамуил Раманатан, истакна дека намалувањата се дел од прегледот започнат во март наречен „ОН80“.

„Тоа е амбициозен напор да се обезбеди дека ОН е способна да го поддржи мултилатерализмот во 21 век, намалувајќи го човечкото страдање и градејќи подобар живот и иднина за сите“, рече тој.

Намалувањата на буџетот ќе стапат на сила на 1 јануари.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека разгледува масивна реконструкција што би ги споила главните оддели и би ги пренаменила ресурсите на агенцијата низ целиот свет.

Соединетите Американски Држави им должат на ОН речиси милијарда и пол долари за тековната фискална година, објави „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ