ОН ја завршија истрагата за наводна сексуална злоупотреба на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд

32

Обединетите нации ја завршија истрагата за наводна сексуална злоупотреба од страна на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан, соопшти управниот орган на судот во понеделник.

Наодите ќе останат доверливи во исчекување на преглед од страна на надворешен панел на судски експерти, објави „Ројтерс“.

Се очекува процесот да трае до 30 дена, соопшти управниот орган на МКС.

Кан, кој ги негира сите обвинувања за злоупотреба, привремено се повлече од својата позиција додека истрагата беше во тек.

Педесет и петгодишниот Кан беше избран во 2021 година со деветгодишен мандат за главен обвинител.

Откако ја презеде функцијата, Кан го подигна угледот на судот и го стави на нишанот на големите сили, издавајќи налози за апсење на осомничени, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин и израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху.

Минатата година, негов соработник го обвини за „несоодветно однесување“ кое наводно се случувало во подолг период помеѓу 2023 и 2024 година.

Во август, друга жена го обвини за сексуално вознемирување, тврдејќи дека додека работела за истакнат британски адвокат порано во неговата кариера, тој се однесувал несоодветно, подложувајќи ја на несакано сексуално вознемирување.

Таа тврдеше дека Кан го злоупотребил својот авторитет над неа и постојано се обидувал да ја присили на сексуална активност, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ