ОН: Досега, во Газа се убиени 613 лица кои отишле да земат хуманитарна помош

26
Фото: EPA/HAITHAM IMAD

Најмалку 613 лица се убиени во Појасот Газа од крајот на мај во близина на центри за дистрибуција на храна и конвои со помош, покажуваат бројките на Обединетите нации.

Од 613 убиства, 509 се евидентирани во контроверзни центри за дистрибуција управувани од Хуманитарната фондација за Газа (GHF), изјави денес во Женева портпаролката на Канцеларијата за човекови права на ОН, Равина Шамдасани.

Фондацијата започна со работа во Појасот Газа кон крајот на мај по речиси тримесечна израелска блокада на хуманитарна помош.

GHF не соработува со агенциите на ОН, кои ја критикуваат фондацијата дека има премалку центри и дека ги изложува оние на кои им е потребна на екстремна опасност.

Израелската војска е одговорна за смртоносните инциденти поврзани со дистрибуцијата на хуманитарна помош, според палестински извори.

Рик Пеперкорн, претставник на Светската здравствена организација (СЗО) на палестинските територии, потврди дека повеќето од смртните случаи и повредите се поврзани со центрите за GHF.

Инцидентите биле пријавени директно во СЗО од страна на медицински работници и роднини и пријатели на жртвите, рече тој.

Жртвите се претежно момчиња кои отишле во центрите за да побараат помош за своите семејства кога биле застрелани „во главата, вратот, градите, стомакот и колената“, изјави претставникот на СЗО на видеоконференција.

ИЗДВОЕНИ