Зголемено присуство на виолетова медуза е регистрирано во Егејското Море, со особено ранливи области, вклучувајќи ја северна Евија, Пагазитскиот Залив и Северните Споради.
Според најновото соопштение од Грчката опсерваторија за биодиверзитет, ново појавување на виолетова медуза (Pelagia noctiluca) е регистрирано во водите на Егејското Море, што претставува сериозен ризик за пливачите. Ситуацијата е особено алармантна во северна Евија, Пагазитскиот Залив и околу Северните Споради, а експертите предупредуваат дека ширењето на овој вид се случува побрзо отколку што претходно се проценуваше.
- Нашите првични проценки за сериозноста на наездата од виолетова медуза во Пагазитскиот Залив и околните области беа погрешни. Причината е слабиот одзив на граѓаните на јавните повици за пријавување на присуство на медузи, што создаде искривена слика за реалната состојба, се вели во соопштението на опсерваторијата.
По прегледот на податоците, беше утврдено дека ситуацијата се влошува. Источните брегови на Пагазитскиот Залив и северна Евија моментално се меѓу најранливите региони, а според новите извештаи, колку подалеку на север се оди, толку поизразен станува проблемот.