Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „царини“ е неговиот омилен збор, пренесоа американските медиуми.
„Би рекол дека мојот омилен збор е „царини. Го сакам повеќе од кој било друг збор во речникот“, рече Трамп вчера за време на настан во Пенсилванија, пишува „Њујорк пост“.
Тој додаде дека неговата царинска стратегија „донесува стотици милијарди долари“ во Соединетите Држави, наведе американскиот весник. Трамп рече дека работниците во челичарницата, особено во Пенсилванија, се справуваат подобро благодарение на неговата царинска стратегија.
„Доколку немаше царини, немаше да имате челик. Немаше да имаме челичарници во Соединетите Држави, а тоа би било навистина лошо за националната безбедност“, рече Трамп.
Трамп најавува телефонски повик за запирање на конфликтот меѓу Тајланд и Камбоџа
Обновените судири меѓу Тајланд и Камбоџа траат веќе трет ден, поради што американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе се јави телефонски за да го запре конфликтот.
Трамп посредуваше во договор за прекин на огнот во јули за да се стави крај на петдневните борби меѓу двете соседни азиски земји, наведува „Ројтерс“.












