Омбудсманот се пензионира: Кој ќе биде наследникот на Насер Зибери?

55

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на почетокот на денешната 60. пленарна седница соопшти дека е констатиран престанок на функцијата на народниот правобранител Насер Зибери поради исполнување на условите за старосна пензија. Зибери беше на оваа функција заклучно со 12 јули.

Пратениците минатиот четврток изгласаа, а собранискиот претседател ја потпиша одлуката за распишување оглас за нов народен правобранител.

Во моментов оваа институција функционира со двајца заменик-правобранители, односно со Илбер Руфати од Кичево и Соња Трифуновска од Скопје, но недостасуваат уште седум заменици на првиот омбудсман.

Зибери беше избран за народен правобранител во јануари 2021 година со 61 глас „за“ и ниту еден глас „против“ од претходното парламентарно мнозинство. Тој ја наследи функцијата од Иџет Мемети, кој беше на чело на институцијата 16 години, односно два мандата по осум години

 

ИЗДВОЕНИ