Олимписката шампионка од Париз 2024, Имане Келиф, се соочува со сериозна казна. Имено, таа нема да може да боксува на следниот натпревар ако не докаже дека биолошки е жена.

Олимписката шампионка во бокс, во категоријата до 66 килограми, е привремено суспендирана, по одлуката донесена од Светската боксерска федерација, и како што наведуваат тие – под притисок од зголемените барања за безбедност и фер-плеј во женските борби.

Келиф беше регистрирана за претстојното Светско првенство што ќе се одржи следната недела во Ајндховен, но нејзиниот настап сега е сериозно доведен во прашање. Таа веќе се нашла во центарот на сличен случај. Имено, уште во 2023 година беше дисквалификувана од Светското првенство бидејќи тестовите покажаа присуство на машки хромозоми. И покрај таа одлука, сепак доби дозвола да се натпреварува на Олимписките игри во Париз, каде што го освои златниот медал со доминантни настапи.

Еден натпревар особено привлече внимание – борбата против Италијанката Карини заврши по само 15 секунди, кога нејзината противничка едноставно се откажа.

  • Се плашев за мојот живот, изјави тогаш Карина, дополнително разгорувајќи ја дебатата за статусот на Келиф.

Интересно е и тоа што Иман Келиф за време на Олимпијадата не беше подложена на никакви тестови.

Светската боксерска организација сега инсистира на задолжително тестирање, а главните причини се случаите на Келиф, како и на Лин Ју Тинг, боксерка од кинески Тајпеј.

Фокусот е ставен на прашања поврзани со родовиот идентитет и спортските правила, како и на притисоците што доаѓаат од различни делови на спортската заедница.

Федерацијата објави дека нема да се толерираат ситуации што можат да го загрозат фер-плејот или безбедноста на спортистите.

Критичарите на оваа одлука веруваат дека тоа би можело да отвори врата за дискриминација, додека други тврдат дека е неопходно за да се одржи фер-плеј во женскиот спорт.

Официјално, Келиф нема да може да учествува на ниту еден меѓународен турнир до понатамошно известување, сè додека не достави доказ за својот биолошки пол. Таа сè уште не се изјаснила за суспензијата, но многу експерти веќе предвидуваат правни битки. Останува да се види како оваа ситуација ќе влијае на нејзината идна кариера и какви последици ќе има врз светот на женскиот бокс.

ИЗДВОЕНИ