Американската олимпијка во тимско санкање, Софија Киркби, успеа да го украде вниманието на сите присутни на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, само неколку дена по нивниот почеток.
Не станува збор за резултатско достигнување, туку со потег што брзо стана вирален на социјалните мрежи. Киркби, без никакво двоумење, објави дека е слободна и дека бара момче во Олимпиското село.
На „Инстаграм“, каде што ја следат нешто повеќе од 13.500 луѓе, таа објави видео со порака дека „најпосакуваната слободна девојка пристигна во Олимпиското село“, што беше доволно за да предизвика реакции.
View this post on Instagram
Оваа 25-годишна Американка набрзо проговори за сè за „УСА Tодеј“, не криејќи дека е отворена за разни опции, но и доста реална.
- Постојат санкачи и јас ги познавам тие луди луѓе. Има натпреварувачи во боб, скелетон и во карлинг. Можеби грешам, но имам чувство дека сите тие се татковци таму – рече Киркби со смеа.
Иако е малку скептична, таа истакнува дека сака да доживее „луди приказни“ и искуство што ќе ги памети цел живот.
- Моите венчани пријатели и пријателите што се слободни може да го доживеат сето тоа преку мене. Ме интересира и како, всушност, изгледа кога излегува олимпиец на состанок – додаде таа.
Таа беше особено искрена кога зборуваше за обидите да се запознаат луѓе онлајн и, вели, тие ретко завршуваат нормално.
- Мажите секогаш сакаат да се префрлат на темата. Јас сум отворена за речиси сè, но, можеби, прво треба да одиме на кафе. Сакам да бидам сигурна дека не е тотален лудак. Мислев дека Олимписките игри ќе променат нешто, но не, тие сè уште го прават истото – порача олимпијката.
Така, Софија Киркби, без своја вина, стана една од најозборуваните личности на Игрите. Ова е доказ дека во Олимпиското село, покрај борбата за медали, има и сосема „различни игри“.
Но, дали нејзината „реклама“ ќе заврши со кафе, состанок или ќе биде само уште една вирална приказна, останува да се види.











