Френк Нтиликина и официјално е нов играч на Олимпијакос. Овој трансфер беше потврден од официјалната веб-страница на Евролигата и Партизан.

  • Партизан и Олимпијакос постигнаа договор во врска со трансферот на Френк Нтиликина во клубот од Пиреја со соодветна отштета. Комплетниот договор ќе биде официјализиран од Олимпијакос по лекарските прегледи. Френк, ти благодариме за сè! Ти посакуваме многу среќа во остатокот од твојата кариера, се вели во соопштението на Партизан.

Останува прашањето дали Партизан сега ќе тргне во потрага по нов шутер. Во дресот на Партизан минатата сезона, Нтиликина, главно, се наметна со добра одбрана.

Во НБА, тој играше за Њујорк, Далас и за Шарлот.

ИЗДВОЕНИ